|
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА И РАЗВОЈ НА ВК ОРКИ ЗА
СЕЗОНАТА 2002/2003
1. Стручен план и програм за работа
1. Цели и задачи на програмата
Основни задачи на оваа програма се:
- подигнување на нивото на општо-физичката, како
и на специјално-физичката подготвеност на играчите
- усвојување и усовршување на одредени техничко-тактички
и психомоторни знаења и умеења
- реализација на заеднички десетдневни зимски и
петнаесетдневни летни подготовки на екипата
- одигрување на одреден број на контролни натпревари
кои би придонеле во насока на подобрување на уиграноста и стекнување
на поголемо искуство на играчите, како на индивидуален план, така
и на екипата во целина.
- подмладување на екипата во две категории
- почетници-непливачи на возраст од 6 до 10 години
- пливачи и екс-пливачи на возраст од 10 до 12
години
Првенствена цел и оваа сезона ќе претставува освојувањето на зимското
и летното државно првенство на Република Македонија во пионерска,
кадетска и младинска категорија, како и освојување на Ватерполо
Купот на Република Македонија во истите категории. Нашата екипа
секако ќе учествува и на натпреварите во сениорска категорија, но
без посебни претензии за највисок пласман.
Исто така подготовките ќе бидат приоритетно насочени и кон настапот
на нашата екипа на Традиционален Ватерполо Турнир ОРКИ Куп 2003,
доколку биде усвоена и реализирана неговата организација.
2. Структура на програмата
Програмата која ги соджи и планира активностите на
било која спортска екипа е во зависност од календарот на натпревари
и првенства.
Во тој контекс програмата прерставува структурална целина која е
составена од повеЌе фази и подфази, кои според времетраењето и начинот
на работа се наречени:
- микроциклуси (од 3 до 4 месеци)
- мезоциклуси (од 1 до 1? месец)
- микроциклуси (од 4 до 7 дена)
Мислење и проценка на изготвувачите на оваа програма
е дека активноста на првата екипа во сезоната 2002/2003 треба да
се подели на три макроциклуси, кои во себе Ќе содржат три до четири
мезоциклуси, кои пак од своја страна Ќе бидат составени од повеЌе
микроциклуси.
Зимските и летните подготовки Ќе бидат презентирани
во посебни анекс програми како подфази или подциклуси.
3. Глобални карактеристики на програмата
3.1. Прв макроциклус
Според претходно изложената структура на програмата,
првиот макроциклус би траел од почетокот на Септември 2002 до средината
на Јануари 2003 година, и во себе би содржел три мезоциклуси и еден
подциклус (подфаза).
3.1.1. Прв мезоциклус
Првиот мезоциклус би траел 6 недели (6 микроциклуси),
односно до средината на Октомври 2002 година. Во него акцентот Ќе
се даде на опдобрување на општата физичка подготовка (во оонатамошниот
текст ОФП) на играчите, па во тој контекство еден микроциклус кој
содржи 6 тренинга, 2 Ќе бидат во аеробен режим на работа, 2 Ќе бидат
во мешан аеробно-анаеробен режим и 2 ќе бидат во режим на вежби
со оптоварување. Во преостанатото време по пливачкиот дел на тренингот
Ќе се работи на повторување на веЌе учените технички елементи.
Односот на режимот во кој Ќе се работи овој мезоциклус
Ќе биде 2 : 1 во корист на ОФП во однос на специјалната физичка
подготовка (во понатамошниот текст СФП).
3.1.2. Втор мезоциклус
Вториот мезоциклус исто така би траел 6 недели, со
тоа што веЌе односот на третирање на ОФП и СФП се изедначува на
1 : 1. Во таа насока во еден микроциклус, 1 тренинг Ќе биде во аеробен
режим, 2 тренинга Ќе бидат во аеробно-анаеробен режим, додка еден
тренинг Ќе биде во чисто анаербен режим на работа, во комбинација
со уште 2 тренинга во режим на вежби со оптоварување. Со оглед на
тоа што времето што Ќе останува по пливачкиот дел на тренингот Ќе
биде поголемо во однос на првиот мезоциклус, Ќе се почне со усвојување
на нови техничко-тактички знаења (елементи).
3.1.3. Трет мезоциклус
Овој циклус ше трае нешто помалку во однос на претходните
два (4 микроциклуси), меЃутоа односот помеЃу ОФП и СФП во 2 : 1,
па дури и 3 : 1 во корист на СФП. Микроциклусите Ќе содржат 1 аеробно-анаеробен
тренинг, 2 чисто анаеробни тренинга, еден тренинг на кој Ќе се увежбуваат
и усовршуваат техничко-тактичките елементи и еден тренинг во режим
на оптоварување. Овој мезоциклус би траел некаде до почетокот на
Јануари 2003 година.
3.1.4. Прв подциклус (подфаза)
Во првиот подциклус кој би се одвивал некаде до средината
на Јануари 2003 година (за време на зимскиот школски распуст), всушност
би се реализирале заедничките зимски подготовки со соодветно одбрана
екипа од странство. Во состав на овој подциклус би било пожелно,
доколку се изнајде соодветно решение, децата да се однесат на еднонеделен
активен одмор на планина (секако по завршување на заедничките подготовки
со соодветната ватерполо екипа).
3.1.5. Тренинзи надвор од базен (суви тренинзи)
Во текот на целиот прв макроциклус се планирани т.н.
суви тренинзи кои би придонеле за поефикасно адаптирање ан играчите
на напорот и оптоварувањата што ги очекуваат во базенот и во таа
насока Ќе бидат прилагодени кон условите и движењата кои се катактеристични
за ватерполо играта.
Според тоа секој еден микроциклус ше содржи по два
суви тренинга во кои Ќе се работи на подобрување на следните психомоторични
способности:
- издржливост
- сила
- силова издржливост
- експлозивна сила
- брзина
- брзинска издржливост
- брзина на реакција,
како и на подобрување на:
- еластичноста
- координацијата и
- прецизноста.
Редоследот на наведените психомоторични способности
не е случаен, туку има логична смисла.
3.1.6. Мерење за контрола на подготвеноста на играчите
Во текот на првиот макроциклус планирани се три мерењаод
кои:
· Прво или иницијално мерење (Прв мезоциклус)
· Второ контролно мерење (Втор мезоциклус) и
· Трето или финално мерење (Трет мезоциклус).
Мерењата се вршат на препливани патеки од 50 м, 100
м, 200 м со слободен стил, како и проверка на брзинска издржливост
со тест 8Х50 м со слободен стил.
3.7.1. Контролни натпревари
Проценка е на изготвувачите на оваа програма дека
на екипата во овој прв макроциклус и се потребни некаде од 6 до
8 контролни натпревари, кои би се реализирале некаде од средината
на вториот мезоциклус до крајот на првиот мезоциклус.
3.2. Втор макроциклус
Вториот макроциклус би траел некаде од крајот на
Јануари 2003 до крајот на Април 2003 година и би содржел три мезоциклуси
од по пет недели (5 микроциклуси).
Поделбата и режимот на работа на мезоциклусите Ќе
биде речиси идентична со претходниот макроциклус, па така во интерес
на времето и просторот нема по детално да се разглобува структурата
на овој макроциклус, со напомена дека и во овој период се потребни
најмалку 6-8 контролни натпревари кои би придонеле за што поуспешен
настап на зимските првенства на Македонија, кои евентуално би се
одржале во текот на Април месец 2003 година.
Исто така Ќе бидат извршени и неопходните мерења
за проценка и увид на кондиционата подготвеност на играчите во смисла
за потесен избор на кандидатите за државната селекција за играчи
родени во ’85-тата година и помлади за кои би трбало да се избориме
за репрезентативен настап на одредени меѓудржавни натпревари по
календарот на ЛЕН за сезоната 2002/2003. Тука нашиот клуб би требал
да понесе најголема иницијатива, бидејќи сметаме дека најголем број
на репрезентативци би се црпел токму од екипата на ОРКИ.
3.3. Трет макроциклус
Третиот макроциклус во себе би содржел три мезоциклуси
и еден подциклус, а би траел од средината на Мај до крајот на Август
2003 година. Значајно за овој подготвителен период е тоа што во
него би требал да биде и настапот на нашата екипа на Турнирот ОРКИ
Куп 2003, како и на повеќето возвратни турнири на екипите кои ќе
бидат наши гости.
3.3.1. Прв мезоциклус
Овој мезоциклус би траел 5 недели (5 микроциклуси).
Причината што претходните два макроциклуса се доста интензивни,
а и фактот дека овој период претставува крај на школската година,
наметнува потреба во овој интервал да се работи малку по релаксирано,
односно да се даде акцент на исправање на грешките што се провлекувале
во периодот на претходните два макроциклуса. За таа цел во склоп
на еден микроциклус, еден тренинг Ќе биде со аеробно-анаеробен карактер,
еден тренинг Ќе биде со анаеробен карактер, еден тренинг Ќе се исправаат
грешките и недостатоците како на индивидуален план, така и врз база
на поодделни сегменти на играта и екипата во целина, и еден тренинг
би бил слободен (слободни активности) под контрола на тренерите.
Во овој период е можен настап и на некој од планираните меѓународни
турнири.
Сувите тренинзи би се редуцирале на само еден тренинг
во еден микроциклус.
3.3.2. Втор мезоциклус
Овој мезоцилус е поспецифичен за разлика од претходните
поради тоа што се намалува распонот на микроциклусите од 7 на 4
дена, и тоа од проста причина што играчите се распуштени од училиште
и се во можност да ги посетуваат тренинзите и во претпладневните
термини. Во таа насока се проценува дека еден микроциклус треба
да содржи 6-8 тренинзи од кои 4 во претпладневните термини (1 со
аеробно-анаеробен карактер, два со анаеробен карактер и еден техничко
тактички тренинг) и со 2 до 4 попладневни тренинзи во кои најповеЌе
би се играле натпревари.
Сувите тренинзи во овој период сосема би се редуцирале,
со исклучок на задолжителното редовно загревање на суво пред секој
тренингво базен.
Овој циклус би траел некаде до среднината на Јули
месец 2003 година.
3.3.3. Втор подциклус
Во периодот од 15 Јули до 1 Август, во склопот на
овој подциклус би требало да се реализираат летните подготовки на
екипата, за кои дополнително би се направиле контакти и соодветна
програма за работа.
3.3.4. Трет мезоциклус
Овој период би се поделил на два дела од по два микроциклуса
(две недели), каде што во првиот дел би биле завршните подготовки
за летните првенства на Македонија и претежно би се играле натпревари,
а во вториот дел (по одигрувањето на првенството) би се реализирал
активен одмор со цел да екипата и играчите одморни, но воедно и
подготвени го дочекаат стартот на новата натпреварувачка сезона.
Секако и во овој период се можни настапи на некои од планираните
меѓународни турнири (уште сега може да се планира настапот на турнирот
во Хаген, Германија).
4. Редовни лекарски прегледи
Во текот на натпреварувачката 2002/2003 година планирани
се два редовни прегледа кај спортски лекар, и тоа првиот некаде
во текот на месец Септември, а вториот во текот на месец Март идната
година. Прегледите Ќе се обавуваат организирано со присуство на
еден од тренерите и лекарот на екипата.
5. Опши напомени
Заради што поуспешно и побезбедно одвивање на зимските
и летните подготовки, како и на останатите патувања и гостувања
на екипата, Ќе се одреди најмалку по еден водач на екипата, а на
сите настани со екипата Ќе патува и лекарот на екипата кој посебно
Ќе се грижи за беспрекорното здравје на играчите, што го сметаме
за еден од најбитните фактори во целиот овој тренажен процес.
Исто така од големо значење Ќе бидат и неговите стручни
совети за начинот на исхрана во текот на целата година.
2. Учество во организиран систем на натпревари
на спортски сојуз
Кадетската екипа на ВК „ОРКИ„ од Скопје ќе учествува
на следните организирани системи на натпревари во организација на
Пливачкиот Сојуз на Македонија – Одбор за Ватерполо, како единствен
официјален Сојуз за организација и реализација на натпревари за
спортови на вода во Државата:
- Државни првенства
- Државни Куп натпревари
3. Прогноза на спортски резултати во наредната 2003-та година
Очекуваме дека кадетската екипа на ВК „ОРКИ„ од Скопје
ќе ги освои:
- првото место на Државното првенство во пионерска,
кадетска и младинска категорија
- првото место на Државните Куп натпревари во пионерска, кадетска
и младинска категорија
Исто така ветуваме дека играчите на ВК „ОРКИ„ како
носители на државната ватерполо селекција за играчи родени во ’85-та
година и помлади, успешно ќе ја претставуваат нашата земја на сите
меѓудржавни натпревари на кои евентуално ќе настапат во наредната
натпреварувачка сезона.
4. Реализација на Традиционалниот Меѓународен
Турнир ОРКИ Куп 2003
Се надеваме дека она што започна годинава како Меѓународен
Турнир ОРКИ Куп 2002, ќе прерасне во традиција и дека и во наредната
2003 година клубот ќе најде сили и средства за реализација на Меѓународен
Турнир ОРКИ Куп 2003, кој веќе е ставен на официјалната листа на
организирани турнири под покровителство на Европската Ватерполо
Федерација ЛЕН. Овој турнир претставува одлична можност за стекнување
со силно межународно искуство на нашите играчи и истовремено проверка
на достигнатото натпреварувачко ниво во однос на многу посилната
европска конкуренција.
5. Реализација на државната ватерполо Турнеа
ОРКИ – МОБИМАК
Во текот на летниот период во Август 2002 година,
ватерполо клубот ОРКИ (се надеваме во потполна соработка со МОБИМАК)
планира да спроведе ватерполо Турнеа низ неколку градови во Државата
со својата пионерска екипа, со цел промоција на ватерполо спортот
низ Земјава, пред се кај младата популација и анимирање на деца
низ целата држава за бавење со овој пред се многу здрав спорт. Сметаме
дека ова ќе изврши големо влијание за децентрализација на ватерполо
спортот во Македонија (речиси сите ватерполо клубови работат и егзистираат
во Скопје) и ќе овозможи предуслови за формирање на нови ватерполо
клубови низ целата Држава кои би отпочнале со работа пред се со
млади категории.
Исто така се надеваме дека оваа турнеа би можела
да иницира покривање на некој од постоечките базени низ Државата
со што би се створиле услови за редовна попсетеност во текот на
целата година, како и услови за организирана работа на нови пливачки
и ватерполо клубови низ поширока територија на Македонија. Знаејќи
ги придобивките од пливачките спортови за правилен и здрав развој
на младите генерации, сметаме дека ова би било и од поширок интерес
за Државата.
6. Стручен тим, кој ја реализира Програмата
Дејан Симеонов, Шеф на Стручниот
штаб и тренер на првата екипа, ватерполо тренер со меѓународна лиценца
и професор по физичко образование
Сашко Поповски, Тренер на првата екипа, наш единствен
интернационален ватерполо играч, ватерполо тренер со меѓународна
лиценца и професор по физичко образование
Сашко Христовски, Тренер на пионерската екипа,
поранешен ватерполо играч
Раде Илиевски, Тренер на почетниците-непливачи,
инструктор по пливање и професор по физичко образование
Изготвиле,
Дејан Симеонов, Шеф на Стручниот
штаб
Сашо Христовски, Тренер на екипата
Скопје,
10.07.2002
7. Вредност на Програмата со извори на финансирање
1. Обезбедување на термини за работа
За успешно реализирање на поставената програма пред
се треба да се обезбеди соодветниот број на термини за тренинг во
базен (секој во траење од најмалку 1? час) и соодветен број на термини
за тренинг во сала.
| Тренинзи во базен |
300 Х 1.500 |
=
450.000 ден. |
| Тренинзи во сала и теретана |
100 Х 800 |
=
80.000 ден. |
| |
Вкупно |
530.000
ден. |
|
2. Реквизити и опрема
| Топки |
20
Х 1.200 |
24.000
ден. |
| Медицинки |
2
Х 1.500 |
3.000
ден. |
| Појаси со тегови |
3
Х 2.000 |
6.000
ден. |
| Пловки |
30 Х 500 |
15.000 ден. |
| Комплет капички (пар) |
1
Х 38.000 |
38.000
ден. |
| Бањарки |
20 Х 2.000 |
40.000 ден. |
| Тренерки |
20
Х 5.000 |
100.000
ден. |
| Маици |
20 Х 1.300 |
26.000 ден. |
| Шорцеви |
20
Х 650 |
13.000
ден. |
| Торбици |
20 Х 1.500 |
30.000 ден. |
| Патики |
20
Х 3.000 |
60.000
ден. |
| Папучи |
20 Х 1.350 |
27.000 ден. |
| Гаќички |
20
Х 1.600 |
32.000
ден. |
| |
Вкупно: |
414.000 ден. |
|
3. Зимски и летни подготовки
Трошоците за зимските подготовки грубо би требало да изнесуваат:
Трошоците за летните подготовки грубо би требало
да изнесуваат:
| |
=
320.000 ден. |
| Вкупно: |
512.000
ден. |
|
4. Учество на официјални Државни и Куп натпревари
Трошоците за учеството на официјалните Државни и Куп натпревари
грубо би требале да изнесуваат:
| Трошоците
за организација на државно првенство: |
3
X 25.000 |
75.000 ден. |
| Трошоците за патување
на државно првенство: |
3
X 25.000 |
75.000
ден. |
| |
Вкупно: |
150.000
ден. |
|
5. Гостување на контролни натпревари и организација
на контролни трунири
Трошоците за учество на контролни турнири и натпревари,
под предпоставка дека Македонски Железници ќе бидат спонзори на
патните трошоци, грубо би требало да изнесуваат:
| Трошоците
за патување во Ниш: |
2
Х 30.000 |
60.000 ден. |
| Трошоците за патување во Нови Сад: |
2
Х 30.000. |
60.000
ден. |
| Трошоците за патување во Бечеј: |
1
Х 30.000 |
30.000
ден. |
| Трошоците за патување во Солун: |
2 Х 45.000 |
90.000 ден. |
| |
Вкупно: |
240.000 ден. |
|
Трошоците за организација на контролни трунири грубо
би требало да изнесуваат:
| 7 Х 30.000 |
210.000
ден |
| Севкупно: |
450.000 ден. |
|
6. Организација на Традиционален Меѓународен Турнир
ОРКИ Куп 2003
Трошоците за Организација на Традиционален Меѓународен
Турнир ОРКИ Куп 2003 грубо би требало да изнесуваат:
·
| Трошоците
за сместување на судиите и делегатот: |
5
X 5 Х 3.200 |
80.000 ден. |
| Трошоците за сместување на судиите и
делегатот: |
7 X 5 Х 3.200 |
112.000 ден. |
| Трошоци за дневници за судиите и
делегатот: |
7
X 5 Х 2.500 |
87.500 ден. |
| Трошоците за патување на судиите
и делегатот: |
7 Х 25.000 |
175.000 ден. |
| Трошоците за сместување на екипите: |
5 X 20 X 5 Х 1.600 |
800.000 ден. |
| Трошоците за организација на официјална
заеднишка вечера: |
30 Х 700 |
21.000 ден. |
| Трошоците за локален превоз на екипите
и официјалните лица: |
5 Х 20.000 |
100.000 ден. |
| |
Вкупно: |
1.375.500 ден. |
|
7. Патување на возврани турнири
Трошоците за учество на возвратни турнири, под предпоставка
дека Македонски Железници ќе бидат спонзори на патните трошоци,
грубо би требало да изнесуваат:
| 5 X 20 Х 4.500 |
450.000
ден. |
| Вкупно: |
450.000 ден. |
|
8. Надомест за стручниот тим
Минимални средства за надомест на стручната работа
и основните месечни трошоци на стручниот тим за оваа натпреварувачка
сезона би биле:
| Месечен
надомест за тренерите |
12
Х 37.000 |
444.000 ден. |
| Месечен надомест за лекарот |
12 Х 5.000 |
60.000 ден. |
| |
Вкупно: |
504.000 ден. |
|
9. Општи манипулативни и други непредвидени трошоци
Општите манипулативни и другите непредвидени трошоци
грубо би требало да изнесуваат:
Според тоа, грубата сума на средства потребни за
реализација на планот и програмата за работа на ВК ОРКИ за сезоната
2002/2003 би требала да изнесува:
Во овој финансиски план не се земени во предвид тошоците
за летни и зимски подготовки и други контролни натпревари на пионерската
школа, како и на школата за почетници-непливачи. Со цел што поуспешна
реализација и на овој дел од програмата, изготвувачот на овој текст
предлага формирање на посебни тела од родителите на соодветните
групи и селекции.
Изворите на средства за реализација на Програмата
на ВК ОРКИ од Скопје би требало да се најдат во:
| Агенцијата
за млади и спорт – сектор спорт, како носител за остварување
на јавниот интерес на спортот во Државата |
|
450.000 ден. |
| Спонзори |
|
2.385.500 ден. |
| Учество на родителите во развојот
на своите деца |
|
500.000 ден. |
| Членарина |
12 X 60 X 1.500 |
1.080.000 ден. |
| |
Вкупно: |
4.415.500 ден. |
|
Изготвиле
Дејан Симеонов, Шеф на Стручниот штаб Скопје
Сашо Христовски, Тренер на екипата
10.07.2002
|